Димитров: Доколку сите процеси беа ефикасни како „Рекет“ ќе бевме посреќни

Мислам дека може повеќе на полето правда. Имаме повеќе правда од 2015. и 2016. година, но не доволно. Ако сите процеси беа ефикасни, со пресуди, како за случајот „Рекет“ ние сега би биле многу посреќни и позадоволни, рече Никола Димитров во вечерашното гостување во дебата на ТВ 24.

Големи чекори се направија во однос на законодавството, тоа го потврдија Европската Комисија, Венецијанската Комисија, Ивештајот на ЕК, меѓудругото, појасни Димитров.

Не е доволно правда, мора да е неселективна. Главниот проблем е што токму од другата страна имавме една политичка сила со луѓе во адмиистацијата, судовите, луѓе на кои врвна амбиција им беше да се нема правда, односно да се бега од правдата, истакна Димитров потенцирајќи дека се залагаат со предлози за имотна сосотојба на судии обвинители…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e