Денеска сончево и умерено ветровито

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува. Минималната температура ќе биде околу 11, а максималната ќе достигне 27 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен јужен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e