Царовска во Крњево: Ја намаливме младинската невработеност, продолжуваме да инвестираме во младите

 Мила Царовска, носителка на листа на пратеници во ИЕ 1, со жителите на Крњево разговараше за сработеното до сега и за она што го нуди предизборната програма на коалицијата “Можеме”. Таа ги повика жителите на Крњево на 15 јули да гласаат за СДСМ, бидејќи како социјал – демократи веруваат во праведност и праведно општество.
-Оваа држава има капацитет да направи се граѓаните да живеат подостоинствено. Продолжуваме со инвестирање во младите. Изминатиот период ја намаливме стапката на невработеност кај младите лица и изнесува 35,3% споредено со 2016 кога беше 48,6%. Ова ни дава поттик и понатаму како политичка партија да креираме мерки кои ќе придонесат за зголемување на вработувањето на младите, рече Царовска, на  средбата.
Таа потенцира и дека СДСМ подеднакво се грижи и за повoзрасните.
-Направивме стабилизација на пензискиот систем. Пензиите ги зголемивме за 722 денари коишто влегоа во основицата и се исплаќаат секој месец. Воведовме социјална пензија којашто ја користат на 6.000 граѓани. Ги зголемивме платите, а продолжуваме да ги зголемуваме и во следниот мандат. Мнималната плата ја зголемуваме до 40 отсто, а присечната плата до 30 отсто. Минималната пензија ја зголемуваме на 10.700 денари. Со ова инвестираме во најранливите, рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e