Бугарското обвинителство: Заштитната ограда е опасна и најверојатно придонела за тежината на несреќата

Бугарското обвинителство на денешната прес конференција соопшти дека заштитната ограда која е ставена помеѓу експресниот пат и местото за одмор не само што не oдиграла никаква заштитна улога, туку најверојатно во случајот била и опасност и придонела за тежината на несреќата.

Ова на денешната прес-конференција го изјави бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој додаде дека оваа ограда и паркингот, како и несоодветнатa патна сигнализација најверојатно го збуниле шоферот кој во тој момент го возел автобусот, кој, најверојатно се двоумел дали да продолжи десно или право, но во моментот кога ја сфатил грешката веќе било предоцна. Според зборовите на Сарафов, шоферот најверојатно го истругал автобусот од оградата а потоа се одбил на лево во другата заштитна ограда, каде што автобусот запрел и изгорел.

При ударот во оградата автобусот скинал девет столбчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резеравоарот за гориво. Од ударот предната врата излетала, но таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокрана од заштитната ограда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e