Бучковски за „360 Степени“: Нема бегање од избори – да бидат на 21 или 28 јуни

Екс-премиерот и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Владо Бучковски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за времето кога би требало да се одржат парламентарните избори.

Тој оцени дека со прогласување нова вонредната состојба од 14 дена, претседателот Стево Пендаровски дава можност за договор меѓу лидерите на партиите за избори на 21 или на 28 јуни.

„Не гледам друга можност. После одлуките на Уставниот суд, после суспендираниот парламент, Република Македонија нема луксуз да остане во ваква ситуација и заради непостоењето консензус влезе во уште поголема криза, според мене, од здравствената или економската“, вели Бучковски.
Тој рече дека ажурирањето на избирачкиот список може да се направи и додека трае вонредната состојба со тоа што би се оставил одреден период за увид, но дека тоа не треба да биде причина за неодржување на избори на 22 дена после завршување на вонредната состојба, како што е пропишано со владината уредба.

„Си играме сериозно против интересите на Република Македонија. Ако сите се загрижени за здравјето, за економијата, за просперитетот на нашата држава, Македонија не може да биде единствената држава која ќе нема парламент, а е парламентарна демократија. Нека ги тргнат настрана партиските калкулации. Не можам да сфатам дека во пресрет на славењето на 30 години од независноста, ќе имаме вакви несериозни дискусии. Избори треба да има, имаме протоколи. Ние треба да живееме со оваа пандемија се додека нема вакцина. Ги гледаме ли другите што прават? Србија, Хрватска, Полска се подготвува, ги одложи бидејќи не можеше во мај, претседателските избори ќе бидат во јуни. Нема бегање од избори, посебно кога немаш парламент“, вели Бучковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e