Битиќи: Граѓаните овој месец ќе ги добијат платежните картички од третиот пакет економски мерки

– Третиот сет економски мерки има за цел со поттикнување на приватната потрошувачка, да им се помогне на граѓаните во овие тешки времиња но и да им се помогне на домашните компании, особено во секторите што беа најпогодени со кризата, истакна претседателот на комисијата за финанансии на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.

Сетот мерки предвидува и платежни картички за околу 300.000 граѓани, кои овој месец ќе ги добијат и картичките и парите, рече Битиќи.

Тој додаде дека платформата преку која ќе се додeлуваат картичките се финализира и врз основа на официјалните податоци на агенцијата за вработување и министерството за труд и социјала и преглед од Управата за јавни приходи ќе се доделат картичките на лицата, кои ги исполнуваат условите.

– Право на платежна картичка со 9.000 денари имаат невработени активни баратели на работа, заклучно со 22 мај, приматели на гарантиран минимален приход, без ограничување на возраста, но да немаат дополнителни приходи по никој основ, односно да не биде поголем од 15.000 месечно, или вкупно до 60.000 за периодот јануари-април, појасни Битиќи.

Тој истакна дека платежна картичка од 3.000 денари, кои ќе се доделуваат преку истата платформа добиваат сите вработени граѓани со плата до 15.000 месечно, односно 60 илјади во периодот јануари-апри годинава, а истите ќе добијат и ваучер за туризам. Доделувањето на картичките и ваучерите е автоматизирано, бидејќи граѓаните кои ги исполнуваат условите се запишани, постојат во официјалните евиденции, истакна Битиќи за „Утрински брифинг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e