До 15 јули може да се аплицира за финансиска поддршка за набавени назимки и пчелини матици

Во тек е јавниот повик за доставување барања за финансиска поддршка на сточарите кои набавиле назимки и пчелини матици. Огласот беше објавен на 20 јуни, а истекува за десетина дена. Крајниот рок за аплицирање е 15 јули.

На повикот може да се пријават сите сточари кои од први октоври до 31 декември 2019 година набвиле педигрирани, хибридни чистокрвни свиња и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, а право на учество имаат регистрираните земјоделски стопанства.

Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи финансиската поддршка е до 6.500.000 денари по корисник.

Финансиската поддршка за Мерката 121, се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. Ставката за кофинансирање се зголемува ако инвестицијата ја реализирал млад земјоделец (55 отсто), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство (до 60), ако инвестицијата е во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство и носител е млад земјоделец (до 65 отсто), како и ако инвестицијата е во недостапни рурални заедници (75 отсто).

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk , e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Еден апликант може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e