Заканата која ја крие „Турски поток“ за Азербејџан и желбата на ЕУ за стоп на рускиот гас…

Пред една недела во Санкт Петербург се случи настан кој е во состојба да го промени значително енергетскиот пазар во Европа, пишува во својата анализа руското издание ИноСМИ. Станува збор за средбата меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

За време на разговорите двајцата државници се договорија за рестарт на голем број проекти, меѓу кои гасоводот „Турски поток“ и АЕЦ Акјују.

Закана ли е сепак „Турски поток“за плановите на Азербејџан да испорачува природен гас во Европа? По гасоводот ќе потече руски гас првично кон Турција, а потоа и за Јужна Европа. Односно тоа е пазарот на кој се стреми и Азербејџан со спроведувањето на плановите за Јужниот гасен коридор.

Според анализите сеуште е рано Баку да се мачи од руската конкуренција. Прво Јужниот гасен коридор и TANAP и TAP кои се во изградба, имаат силен „благослов“ од Брисел. Уште од самиот почеток Европската комисија беше критично настроена кон „Јужен поток“, а расположението кон неговиот наследник – „Турски поток“, не е подобро.

Самиот Путин изјави дека Москва ќе има потреба од многу сериозни гаранции од ЕУ, пред да бидат спроведени какви било планови за испорака на гас – дали во „Јужен поток“, дали во „Турски поток“.

Рускиот министер за енергија Александар Новак ја елаборира тезата на рускиот претседател и изјави по средбата во Санкт Петербург дека првата цевка на „Турски поток“ќе биде изградена многу брзо – до 2019 година. Во неа ќе биде испорачан руски гас наменет за турскиот пазар. Во втората цевка треба да пристигнува суровина, која Анкара ќе ја транзитира преку гасен центар на грчко-турската граница кон Европа. Новак е категоричен – за неа се уште е рано да се зборува.

Во енергетските средини „Јужен поток“, „Турски поток“ и TAP се конкуренти – успехот на руските гасоводи ги ставаат под сомнение европските шанси за азербејџанскиот гас, и обратно, пишува уште ИноСМИ. Според анализата сепак шансите се на страната на Баку, особено со оглед на желбата на ЕУ да ја намали зависноста од рускиот гас.

Извор Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e