Турски „Истем Медикал“ се откажа од инвестицијата во зоната во Илинден

Турската компанија „Истем Медикал“ се откажа од инвестицијата во земјава, а државата го раскина договорот со компанијата лани во август кога утврди дека се надминати сите рокови за почеток на градба на погонот.

Раскинувањето на договорот го потврди и Комисијата за заштита на конкуренцијата која по предлог на Агенцијата за странски инвестции од почетокот на минатата година го поништи решението за оцена на државната помош  која требало да ја добие турскиот инвеститор. Причина за ваквото решение била тоа што инвеститорот ги пробил роковите за изградба на инврестицијата во зоната во Илинден за која платил и закуп на земјиштето.

 „Договорот кој е склучен врз основа на претходно добиено Решение за оцена на помошта од страна на Комисијата ќе биде раскинат. Ова од причина што пред склучувањето на договорот Владата склучила Договор за долготраен закуп на градежно земјиште со доо.Истем Медикал Илинден за реализација на инвестициски проект на компанијата со обврска компанијата да започне со градба на објеки во Зоната во рок од 9 месеци со денот на склучување на Договорот“, појаснува Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Инвестицијата на оваа компанија во општина Илинден беше најавена во 2014 година, а во 2015 година турската компанија требаше да почне да го гради погонот.

Беше најавено дека турскиот инвеститор ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи во прво време 150 лица, а по неколку години планираме бројката да достигне до 250 вработени.

Извор: Плусинфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e