Нови 25,3 милиони евра долг за граѓаните

Министерството за финансии не запира со нови задолжувања на товар на граѓаните.

И покрај тоа што минатиот месец незаконски ги задолжија граѓаните со еврообврзница од 450 милиони евра, денес на аукција на државни хартии од вредност на домашниот пазар ги задолжија граѓаните со нови 25,3 милиони евра.

Иако за враќање доспеваа 21.2 милиони евра, министерот за финансии, Кирил Миноски, одлучи да ги задолжи граѓаните за 25.3 милиони евра, што се 4.1 милиони евра повеќе од долгот што доспева за враќање.

Јавниот долг е на историски износ од над 5 милијарди евра, односно над 50% од БДП.

Затоа се неопходни демократски промени и промените ќе се случат во декември, оваа година.

Ова налудничаво задолжување мора што побрзо да прекине, соопштија од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e