Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јуни годинава е намален за 0,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а во првите шест месеци од годинава пораснал за 1,1 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава има пораст од 2.4 отсто, во Преработувачката индустрија има опаѓање од 0,4, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,4 отсто.

Бројот на работниците во индустријата има пораст кај групата Енергија за 1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,4, Капитални производи за 8,7 и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 процента.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e