Козјото млеко со зголемена побарувачка

Побарубачката на козјо месо и преработките од млекото на домашните пазари е сѐ поголема иако сѐ уште не може да се спореди со потрошувачката во европските држави.

Во Македонија има 75.000 кози,  најзастапена е домашната раса „балканска“, а козите најмногу ги одгледуваат индивидуалните земјоделци.

Вкупното производство на козјо млеко е скоро 15.000 тони годишно.

Бројот на фармите се зголемува како резултат на побарувачката на пазарот за козјо млеко и неговата профитабилност.

Цената е двојно помала од овчото млеко и во преработките повеќето од сточарите го мешаат со овчото.

За разлика од млекото, козјото месо на домашниот пазар има помала потрошувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e