Извозот во Македонија расте!

Вкупната трговска размена на Македонија во периодот јануари – јуни 2016 година изнесува 5.529.439.000 американски долари. Вредноста на извозот е изнесува 2.275.485.000 и бележи пораст од 4,1 отсто во однос на тој период лани, додека увeзената стока е 3.253.954.000 долари или 4,8 проценти повеќе.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит изнесува 978.469.000 долари.

Во периодот јануари-јуни 2016 година, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e