Инспекторат за земјоделство: Земјоделските производи од поплавените подрачја не се откупуват

Директорот на Инспекторатот за земјоделство Цветан Трифуновски денеска изјави дека на земјоделските површини во поплавените подрачја најдена е мала количина земјоделски производи кои не се откупуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање, Трифуновски истакна дека се уште се чекаат мострите земени од земјоделските површини од поплавените подрачја, кои очекува многу скоро да бидат објавени.

“Инспекторатот формираше неколку тимови кои ги поминаа сите населени места зафатени со поплавите. Констатирана е мала количина земјоделски производи коишто се останати на тие површини. Земени се неколку мостри за испитување и се уште ги чекаме резултатите. Меѓутоа на разбирање и на жителите и на сите оние откупувачи кои откупуваат од овој регион, овие производи не се откупуваат за продажба, ниту за конзумација”-изјави Трифуновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e