HP го купува бизнисот со печатачи на Samsung вреден малку над 1 милијарда долари

HP Inc се согласи да го откупи бизнисот на Samsung со принтери за 1,05 милијарди долари. Договорот има за цел да и помогне на компанијата од Силиконската долина во тоа да нуди повеќе производи на пазарот на уреди кои можат да отпечатени и копираат за канцелариски цели, коментира Wall Street Journal (WSJ).

Се очекува зделката да биде завршена во рок од 12 месеци, како предмет на регулаторни одобренија. Двете компании соопштија уште дека Samsung ќе купи акции на HP на вредност помеѓу 100 и 300 милиони долари.

HP Inc. се појави по поделбата на Hewlett-Packard Co. минатата есен. Новата компанија се занимава со продажба на компјутери, но поголемиот дел од профитот нејзин доаѓа од продажба на мастило и тонер принтери. Покрај тоа HP Inc. е пазарен лидер во бизнисот со десктоп печатачи, забележува весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e