Бизнисот на македонските градежници во странство е намален за 27%

Во првата половина годинава вредноста на договорените работи на македонските градежни фирми во странство е помала за 27,1% во споредба со истиот период лани и изнесува 42 милиони евра.

Во истиот период македонските градежници во странство извршиле градежни работи во вкупна вредност од 15,6 милиони евра, што е за 11 % помалку во споредба со истиот период лани.
Зголемен е обемот на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари македонските градежни фирми имале пад на обемот на работа.

Најголем пазар за македонските градежни фирми е Босна и Херцеговина, каде во првата половина годинава извршиле градежни работи вредни 38,5 милиони евра, што е 90,5% од вкупните работи во странство на целата македонска градежна оператива.

Бизнисот во Босна и Херцеговина е зголемен за 36,8%, како резултат на учеството на градежната компанија Гранит во изградба на автопатската делница Добој-Прњавор.

Извор Капитал(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e