Бизнисмените открија – државата им должи една милијарда евра!

Итно да се формира нова Влада и веднаш да стартува со операцијата раздолжување кон стопанството побараа бизнисмените. Се пожалија дека долгата политичка неизвесност без разрешница го држи во заложништво развојот на економијата, пренесува ТВ24.

„Новата влада сериозно да се потруди сите долгови на Македонија кои ги има владата, но и општините и јавните претпријатија да ги расчисти, а тоа значи голема позајмица од преку една милијарда“ – вели Горан Рафајловски, бизнисмен

„Луѓето кои работата таму, но развојната политика и добивањето на дозоли за проширување на концесии практично не функционира зошто имаме застој во функционирањето на владиниот сектор“ – вели Николајчо Николов бизнисмен.

Нас ни е потребна промена во менаџирањето на државата. Потребен е лидер кој ќе има визија за напредок, работа, етика, респект само така ќе завршат поделбите. Потребна е стратегија за развој и посилна економија што ќе ги задржи младите, не можете да го купите нивниот сон со тоа што ќе им понудите 200 евра плата.

„Лидерот има своја визија и сон за својата земја во пристапот на гледањето за својата земја. Додека не го добиеме тоа ќе имаме вакви расцепканости“ – вели Свето Јаневски, бизнисмен.

„Ние мора да правиме регионални големи фирми кои се извозно орјентирани кои ќе ддат надеж на младите и така ќе ги задржите. На младите не е сон да работат за 200 евра“ – вели Кочо Анѓушев, бизнисмен

Но пораките кои беа испратени на маргините на прославата на 95 години од формирањето на Стопанската комора на Македонија, немаше кој да ги чуе од актуелното раководство.

„Ние сме во друго време кога секој ги слуша пораките преку медиумите кои и ние ги испраќаме во писмена форма“ – вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Без политичка стабилност и јавна одговорност неможе да се зборува за развој. А за да тоа се случи мора да престанеме со борбата за подобро минато, борејки се со минатото ја губиме подобрата иднина, а тоа треба да го знаат политичарите и елитата да има визија . Ова се дел од пораките оспратени од трибината „Големитт глобализираат, малите соработуваат“ на која учествуава поранешни високи државници, стопанственици од земјава и регионот, но и професори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e