Ангеловска: Споредено со минатата година, капиталните инвестиции се во раст за 20%

Инициравме да се објават на месечно ниво реализацијата на капиталните инвестиции, баш затоа што некои имаат одлична реализација, а даваме можност и јавноста да следи и да се прави притисок на буџетски корисници кои имаат слаба реализација, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во интервју на Телевизија 24.

„Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со октомври е 41%. Буџетот е ликвиден, приходите се реализираат. Проектиран е дефицитот е 2,5%, но ќе видиме на крајот на годината, бидејќи речиси секогаш не се реализира проектираниот дефицит. Со дефицитот се стимулира и економскиот раст. Не е добар сигнал да не го реализираме дефицитот. Ако тој дефицит е наменет за трошење кои ќе дадат економски раст, треба да сакаме да го реализираме“, рече Ангеловска.

Таа истакна дека споредено со минатата година, капиталните инвестиции се во раст за 20%.

„Премиерот рече дека очекува реализација на капиталните инвестиции до 80%. Се очекува во овие два месеци да повлечат и други проекти. Ќе дојде крајот на годината, па ќе дискутираме кого треба да пофалиме, а кого да критикуваме. Имаме уште два месеци, ќе имаме прилика и во јануари да дискутираме за тоа. Има големо интензивирање, се работи на терен. Министерството за транспорт и врски има огромна реализација, се работи за големи проекти“, истакна министерката Ангеловска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e