За човекот кој седи во претседателската канцеларија

За човекот кој седи во претседателската канцеларија:
1. Ако останало барем трошка достоинство во тебе, ќе си поднесеш оставка.
2. Ако немаш сили да поднесеш оставка, пробај барем во овој преостанат период да се однесуваш на начин кој барем приближно личи на она што би требало да претствува функцијата претседател.

Ако не го направиш ниту едно од горните две работи тоа значи дека си криминалец кој го држат за гуша и кој не може да претне.

А, владејачката структура не треба да бара начини за кохабитација. Треба едноставно да го игнорира, како и секој нормален граѓанин во ова државиче.

Постојат начини за заобиколување на претседателот на краток рок колку што му останал да седи во фотељата.

И ве молам, дајте не го викајте на акедимии, на прослави, на тркалезни маси, на средби и расправи. Понижувачко е за сите нас со два грама мозок да седиме и да го слушаме.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e