Претходната власт намерно ја изолираше Македонија

Пораките за решавање на историските проблеми со соседните земји, кои доаѓаат по билатералните средби со Грција и со Бугарија, за експертите покажуваат дека претходната Влада цело време намерно ја изолирала Македонија. Шефот на Евроатлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани оценува дека новата Влада става крај на досегашната изолационистичка политика.

„Ние имавме влада и премиер кој цело време се потпираше на провокации. Ја провоцираше Грција обидувајќи се да ја добие ексклузивноста за Античкиот период, што е апсурдно и бесмислено. Имавме премиер кој се инатеше и предизвикуваше проблеми со Бугарија, плус и неговиот исклучително негативен став кон ЕУ и администрацијата на САД. Заклучокот ќе биде дека оваа Влада намерно ја изолираше Македонија.“ – изјави Исмет Рамадани, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија

Недостаток на дијалог и застапување на политичките интереси беше се што видовме досега, оцени Андреја Стојковски од Центарот за европска стратегија. Сега, вели тој, почна да се развива дипломатијата, чија задача е да ги застапува интересите на државата.

Стојковски смета дека средбите го отворија патот за дијалог, а дијалогот ќе го отвори патот за конечно решавање на меѓу – соседските проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e