Можете да ме смените од директорското место уште утре…

Можете да ме смените од директорското место уште утре, ама нема да дозволам, без да бидам консултиран да ми наметнувате да правам трансфер на глумци од други театри кои не му се потребни на Драмски во моментов. Нивото на квалитетот на Драмски опадна последниве години и заради тоа што се примаа актери преку негативна селекција и разни протекции. Ме назначивте да бидам директор на театар, а не на социјална установа. Зборот МОРА да се прими Станко или Петко, не е соодветен во средини каде се бара талент. Најпосле, има и други театри во градов. Размислете. Убаво би било во иднина да разговараме рамноправно. Во спротивно, барајте си друго дете за директор.

Сашо Тасевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e