Денешната собраниска седница е уште еден пример за ЗАРОБЕНА ДРЖАВА

Денешната собраниска седница е уште еден пример за ЗАРОБЕНА ДРЖАВА. Мафијашко структурирана организација, преку нивната испостава во собранието им купуваат време на слобода на криминалците. А за сметка на нив, ќе хибернира цела држава.

Барем да можеше Груевски да им дава на сите како во времето на Тито. Така полесно ќе му проаѓаа сите негови криминали, хирови и не сублимирани животински нагони.
Вака давајќи им (пари или лаги) само на 23% од популација тешко да се провлекува уште долго…

А тешко е и да се бара СОВЕСТ од оние кои остатокот од животот (или барем добар дел од него) ќе треба да го поминат во затвор.

Нема да му видат аир на украденото!
Како што впрочем, тие и досега не му гледаа аир. Па кој видел аир од украдено?
Народите пишувале, го опејувале тоа во минатото, но и го зачувале за да ние од тоа нешто научиме.

Но и господ не реагира. И тој е индиферентен…
Но да го занемариме и индиферентниот бог, но и странците. Овие повеќе од 700.000 граѓани треба да ја земат судбината во своите раце. Никој не ти помага ако сам не си помогнеш!

Како во ваква сетуација да бидеме мудри, кога имаш тотално несовесни битанги и нелуѓе кои 11 години градеа инфраструктура за да сега ја злоставуваат?

Избор на претседател на собрание било проблем. Ц, ц, ц…

Фејсбук статус на Зоран јовановски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e