Чумата на ВМРО-ДПМНЕ мораме да ја пропадиме од Македонија!

Марко беше дебела црта во бар-кодот на злосторничкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Бандера на која вмровските мутанти го беа свиле своето гнездо од кое сереа врз земјата што ја пустошеа. Кука на која се држеше осилската настанба на непријателската формација на ВМРО-ДПМНЕ. Клип во шините на напредокот кон подобро утре. Аутсорсинг, друга крв, но, сеедно, фактор со сериозно реално и симболично значење во инсталацијата, функционирањето и одбраната на најголемата и најопасната антимакедонската организација и во нејзините непофторливи злосторства врз Република Македонија и врз луѓето во Република Македонија.

Тој го држеше исклучен алармниот систем на државните резерви што ги пљачкаа злосторници маскирани во премиери, министри, директори, судии и обвинители. Во пљачката како елемент на националната и државна деструкција, а не само како елемент на сопственото богатење. Тој ги покриваше фантастичните разградбени активности на злосторничкото здружување. На институциите, на меѓуетничките односи, во урбанистиката и архитектурата, во културата, во безбедноста, заедно со полициските и судските инсталации на злото, беше главен фактор кој со апсења, притвори или ослободувања, го распоредуваше фокусот на општественото расположение, вршеше стварни или лажни активности во таа смисла, прати многу невини в затвор и многу големи криминалци пушти на слобода, инволвиран е директно или објективно, во скандалозните процеси против Рамковски, Бошковски, Кежаровски, Смилковско езеро, Диво Насење. На еден друг начин во случајот Кочан. Или за непостапувањето во случаите со бомбите, за блеферството во врска со смртоносниот упад на организираната толпа во Собранието, за фактот дека државните удари на лудиот претседател се шетаа низ правниот простор на Македонија како на виенски бал, за слободата на потпалувачките говори на бившиот премиер, за неверојатните богатења на поединци од власта со највулгарни, нескриени, заграбувања од општата каса итн.

Во таа смисла последиците од неговито работење или неработење излегуваат од правната сфера и зафаќаат огромни пространства од културоцидот, од духовната смрт на заедницата, од убиството на самата идеја за заеднички живот на овие простори.

Нема да има адеквана казна за овој створ тамам да го осудат и на сто доживотни казни затвор.

Смената на Зврлевски е важна информација дека работите се движат во добра насока, дека се неповратни, дека можеме да бидеме помалку нервозни во врска со некои глупави кадровски и други решенија на новата власт, дека зад се стои некаква мисла, нешто што не го гледаме јасно, но со малку напор можеме да го почувствуваме, дека не е се импулсивно и користољубиво какво што понекогаш ни се чини, дека одиме кон некакво минимално упристојување и ослободување, дека го напуштаме султанскиот принцип на организацијата на власта, дека злосторниците ќе платат за своите гревови низ една праведна процедура, без шанси за политичка арбитража или уште помалку за ослободување од страна на некој поединец или група на власт…

Вториот крак на промените е разградбата на груевизмот.

ВМРО-ДПМНЕ ми е како сателит што останал без енергија, како вселенско летало што ја загубило орбитата и несопирливо паѓа, при што еден по еден му се откачуваат деловите кои играле помала или поголема улога во неговата злосторничка мисија: обвинители, судии, совети, советници, градежници, инвеститори, банкари, поети, режисери, директори, весници, телевизии, уредници, тајкуни, агенти, хохштаплери, будали…

Од Националната вселенска агенција јавуваат дека комплетната машинерија на сателитот ќе изгори во атмосферата на слободата и правдата што се шири низ државата односно дека физичките остатоци што ќе паднат во македонскиот државен простор нема да се поопасни за луѓето од сивобелите исероци на локалните врапчиња.

Можеби поадекватно ќе биде судбината на оваа злосторничка инсталација да ја споредиме со ѕвезда која во една прилично забрзана агонија имплодира, или како слекување на фино минирана зграда во слоу моушн.

Нејзината смрт, за разлика од нејзиниот живот, нема да остави никакви траги и негативни последици. Многу скоро ќе бидат избришани од колективната меморија

“Рафе, се сеќаваш ли на оние од ВМРО-ДПМНЕ, не беа лоши” ќе му речам утре на комшијата, а тој ќе ми одговори:

“Ма курац не беа, не сум гледал послаби фудбалери, оние од ЦСКА можеа да им начукаат уште пет комада!”

Така луѓето ќе го покриваат срамот дека некогаш дозволиле во нивните животи да влезе и да раководи со нив, една банда добро организирани примитивци, со смешни ама функционални наративи за националните интереси, за достоинството, за идентитетот и слични тралалајки.

Енергијата не е загубена само поради смената на власта, макар што тоа беше клучен момент, туку и поради општествената хемија која се менува и под напливот на информаците какви што се оние за куќата на Илче во Охрид или за државната кредитна картичка на Елизабета и нејзиниот мерак да троши државни пари за приватни мераци.

Сите крави имаат жолти маркички на ушите, само нашата крава има кредитна картичка. Сега ја чекам на некоја телевизија, како со лист хартија над десното раме, вреска: еве, се е транспарентно!

Овој статус на фејсбук ја форматира сликата што на едно популарно, народско, значи не високо политичко ниво, ќе кружи во јавниот простор и како ” Мистер масл” ќе ги откачува и потврдокорните вмрони од приказната за вмро-дпмне!

Допрва ќе го гледаме тој надворешен стриптиз на бившата власт и на нејзините најистакнати поединци, секој нов чиновник ќе може да бркне во својата фиока и да извади едни, други или трети усрани гаќи на својот претходник. Многу е важно тоа да не се претвори во чист стриптиз и во морализаторско просерување на новите чиновници, туку се да се проследува во законска, правосудна процедура.

Неверојатна комбинација од деструкцијата како мисија, од добра организација, со многу страст и ретка инфантилност, ни одземаа дванаесет директни години, а според трајноста на последиците, можеби, и триесет години од нашите животи и од животот на Македонија. Еве го, доаѓа октомври, ќе имаме шанса за нови рехабилитации. Чумата на ВМРО-ДПМНЕ мораме да ја пропадиме од Македонија!

Колумна на Бранко Тричковски за “Слободен печат”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e