Харисон Форд за смртта на Кери Фишер

На сите ќе ни недостасува.
Сите – од верните фанови до своите колеги, холивудските ѕвезди и одадоа почит на Кери Фишер, која почина на 60-годишна возраст.

Харисон Форд, кој играше со актерката како Хан Соло и беше партнер на принцезата Leii во неколку Star Wars филмови, им се придружи на долгата листа на познати личности кои ги објавија своите реакции за смртта на актерката.

“Кери беше единствена … брилијантна, оригинална. Таа го живееше својот живот храбро … Моите мисли се со нејзината ќерка Били, мајката Деби и братот Тод, и многу од нејзините пријатели. Ќе ни недостасува “, изјави актерот.

Исто така, одговори и на веста дека доживеала срцев удар додека била во авион. “Шокиран сум и тажен од веста за мојата драга пријателка”, изјави тој за Е!.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e