Алис Купер се кандидира за претседател на САД

Ексцентричниот рокер Алис Купер ќе се обиде да им ги “помати” сметките на Хилари Клинтон и Доналд Трамп во трката за влез во Белата куќа.

Тој во понеделникот го најави своето учество на претседателските избори закажани на 8 ноември.

Отворена е и официјална веб страна www.aliceforpresident.com.

Но по слоганот на неговата кампања кој ќе биде “Пореметен човек за пореметено време!”, по изгледа Купер не е сериозен во своите амбиции.

Според многумина тој ова најмногу го прави за да ја зголеми продажбата на новиот албум.

Покрај Купер наводно и раперот Канје Вест изразил амбиции за претседател но одлучил да ги почека наредните избори кои ќе се оддржат во 2020 година.

fh

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e