Заев од Сараево: Потписите за мандатот се обезбедени, Македонија на почетокот на март ќе добие нова влада

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска е во работна посета на Босна и Херцеговина каде покрај другите обврски треба да прими награда за најградоначалник.

Тој на пресконференцијата во Сараево изјави дека потписите за мандатот се веќе обезбедени и дека Македонија во првата половина на месец март ќе добие нова влада предводена од СДСМ.

Заев потенцираше дека идната владина програма, платформата на СДСМ и платформата на албанските политички партии, законот за употребата на јазиците се усогласени, останува да се договорат персоналните решенија за тоа која партија кои ресори ќе ги води во новата влада.


Одговор на новинарско прашање:

Медиуми:Дали сте вие идниот премиер на Македонија, дали има договор со ДУИ и дали е тоа готова работа?

Заев: Еве вака, синоќа знам дека раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбедат потписите и да ги дадат, поради тоа што како второ рангирана партија бевме условени од претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да обезбедиме потписи за да ни биде даден мандатот, по нашиот Устав тој треба да го даде веднаш мандатот. Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот, јас верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето на Влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да седнеме со претседателите на другите партии да се договориме за ресорите, за кадрите во делот на Владата и верувам дека за некои 10-15 дена Македонија ќе има нова Влада предводена од Социјалдемократите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e