Внукот на Рацин: Вујко ми животот го дал за слободата на Македонија

На коментарите на новинарот Цветин Чилиманов, изнесени за славниот македонски поет, вукот од сестра на Кочо Рацин, Зоран Синадиновски, денеска реагираше:

„Вујко ми Кочо Рацин животот го дал за слободата на Македонија. Целиот живот ѝ го посветил на борбата за подобар и поправеден свет, за едно општество на слобода, еднаквост и братство во кое ќе има правда и солидарност. Силно верувал во иднината и слободата на Македонија во која сите граѓани без разлика на вера, пол, етничко и социјално потекло и политичко убедување ќе живеат слободни и еднакви без делби и омраза. Неговиот живот и дела зборуваат кој бил и е Кочо Рацин“, напиша Синадиновски.

„Борбата продолжува! Ќе победиме! Силно светнал ден!“, порача Синадиновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e