Ако работите од дома: Внимавајте на грбот, често станувајте и вежбајте

Правилното држење на телото може да направи да изгледате повисоки, послаби, но најважно од сè – самоуверени. Неправилното држење не само што ќе направи да изгледате подгрбавено, туку и може да предизвика здравствени проблеми како болки во грбот, вратот и главата.

Правилното држење на телото ќе направи да изгледате повисоки, послаби и посамоуверени
Се сеќавате кога бевте мали и кога вашата мајка постојано ви повторуваше „седи исправено“? Тоа е првиот и најважен совет што можете да го добиете. Сепак, да стоите премногу исправени е исто толку лошо колку и да седите подгрбавени. Доброто држење значи да бидете во положба која најмалку ќе ги напрега мускулите и лигаментите.

Која е правилната положба на телото?

Застанете пред огледало во положбата во која секогаш се движите. Добро набљудувајте го вашето тело. Кои области од телото ве спречуваат да изгледате исправено? Можеби вашата глава е наведната премногу нанапред, вашиот грб има форма на буквата „С“ или пак рамената ви се опаднати нанапред. Потоа исправете се, применувајќи ги следните совети:

Градите треба да ви бидат истакнати напред, а рамената опуштени, а не подигнати нагоре;
нозете треба да ви бидат поставени во ширина на рамената. Рамномерно распределете ја тежината на двете нозе;
соберете го вашиот стомак навнатре;
вашите уши, рамената, колковите и глуждовите на нозете треба да бидат во иста линија.
Нема како да не ја забележите разликата.

Еве неколку начини за подобрување на вашето држење на телото:

Не одете згрбавено

Оваа поза е лоша за ‘рбетот. Ако не се грижите, би можеле да се навикнете на оваа лоша позиција. За да го подобрите вашето држење на телото, замислете дека држите книги на главата. Движете се со самодоверба.

Ако седите долго време, правете паузи

Ако поминувате часови и денови седејќи пред вашиот компјутер и ако столот на кој седите не е најудобен, станувањето од време на време е важно. Станете и прошетајтеа на секои половина час. На овој начин ќе придонесете за правилно држење на телото.

Седете исправено

Секогаш обидувајте се да седите исправено, особено кога долго седите. Изберете удобна позиција, стол и удобно опкружување.

Лумбална поддршка

За правилно држење на телото е подобро да имате стол што правилно го поддржува грбот и колковите. Обично тоа е стол што обезбедува поддршка за вратот и горниот дел од грбот и целосна поддршка за колковите. Тој мора да биде удобен.

Избегнувајте ненамерни повреди на грбот

Избегнувајте кревање тешки предмети. Ова може да го истегне грбот или да предизвика ненамерна повреда на грбот. Наместо тоа, користете количка или друг механизам што може да ви помогне во вашите задачи за пренесување на тешки предмети.

Вежбајте

Неколку вежби можат да помогнат и да бидат корисни за вашето држење на телото. Тоа се најчестите основни вежби. Најдобро е да се консултирате со соодветен експерт во врска со вежбите за ‘рбетниот столб што може да влијаат на правилното држење на телото.

Исхрана

Внесувањето на хранливи материи е важно за здравјето на коските. Важно е да се внесе доволно храна богата со калциум, со оглед на вашата возраст. Силните и здрави коски го намалуваат ризикот од фрактури и други проблеми со коските. Зелениот зеленчук е исто така одличен извор на витамини кои помагаат при обновување на коските.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e