САД може да гo забрани бесконечното „скролање“ на Facebook

Видео содржините кои се вклучуваат автоматски на Јутуб и бесконечниот „њузфид“ на Фејсбук може да бидат забранети во САД со новиот предлог-закон кој се најде пред Конгресот.

Предлог-законот за намалување на зависностите од социјалните медиуми ги „лови“ техниките и карактеристиките, кои според републиканскиот сенатор Џош Хавли, се создадени за да ја продлабочат зависноста.

Документот е насочен кон „практиките кои ја искористуваат човековата психологија или физиологијата на мозокот, за значително да ја попречат слободата на избор“ и конкретно забранува четири општи практики.

Бесконечното скролање или автоматското пополнување, како што е почетната страна на Фејсбук или тајмлајнот на Твитер, каде автоматски се вчитува нова содржина кога корисникот доаѓа до последната содржина без да се побара никаква дозвола од читателите.
Автоплеј – односно кога интернет-страниците автоматски пуштаат музика или видео без тоа да биде активирано од корисникот, како што се случаите на Јутјуб и Фејсбук. Интересно, но, Предлог-законот експлицитно од ова го отстранува автоплејот на реклами, кои се посебно непопуларни во јавноста.
Беџеви и други награди поврзани со ангажираност на платформата. Ова е најзабележливо на корисниците на Снепчет, каде се добиваат беџеви со кои се регистрира колку долго два пријатела размениле дневни пораки.
Елиминација на природните точки на запирање. Во оваа категорија влегуваат сите интернет-страници кои вчитуваат повеќе содржина од потребното за просечно скролање на корисник за времетраење од три минути, без посебно одобрение на корисникот.
„Технолошките компании ја прифатија зависноста како бизнис модел. Нивната ‘иновација’ не е дизајнирана за да создаде подобри производи, туку да привлече внимание користејќи психолошки трикови, правејќи да е невозможно да се погледне настрана. Време е да очекуваме повеќе и подобро од Силиконската долина“, пишува Хавли на Твитер, каде го претстави предлогот.

Предлог-законот доаѓа откако парламентот на Велика Британија почна да ги истражува „технологиите кои предизвикуваат зависност“.

Истрагата во Велика Британија исто така се насочува и кон видео игрите. Минатата година, креаторите на популарната игра „Кенди краш сага“ за истрагата изјавија дека повеќе од 9 милиони луѓе ја играле играта најмалку три часа на ден, додека 432.000 луѓе ја играле играта 6 часа или повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e