Данска сака до 2020 година земјоделското производство да го претвори во 100% органско.Државата дава субвенции за претварање на земјиштата во органски,а стимулира и зголемена побарувачка на органски производи.
Повеќе од 53 милиони евра вложи Данска само во 2015 година за својата обработлива површина да ја направи органска и да стане првата земја во светот која произведува 100% органска храна.
Тамошната влада донесе акциски план за од 67 точки со чие исполнување ќе се оствари целта до 2020 година,да целата земја произведува органска храна.
Се даваат различни стимулации за претворање на традиционалното земјиште во органско,државата ѓи поддржува и финансира сите оние кои работат и вложуваат во овој сектор,стимулира се поголема побарувачка на органски производи и вложува во нови технологии и знаења кои ќе помогнат во промовирање и раст на органското производство.
Иницијативата ја предводи Министерството за храна,земјоделство и рибарство,но во неа учествуваат и претставници на регионите и градовите и сите државни институции.Една од првите цели е храната во јавните установи како училиштата и болниците да биде 60% органска,а на органска исхрана е и данската војска.
Министерството за заштита на околината се залага за претворање на многу подрачја во површини за органско производство и бара органски произведувачи на кои ќе им изнајми земја за обработка,додека Министерството за образование подготвува реформа во образованието каде се предвидува во училиштата да се изучува за важноста на еколошкото земјоделство и нутриционизам,а ќе има и практичен дел за органското приоизводство.
Додека во Данска се повеќе се размислува за органското производство,Македонија иако со огромни потенцијали стои многу далеку зад европскиот просек.До кога ќе одиме со ова темпо не се знае,но едно е сигурно,развојот на Македонија зависи од органското производство и извозот и искористување на потенцијалите и плодноста на македонската почва