Размислувате за совршен подарок за вашата драга личност? Бидете внимателни, некои работи не е примерно да се даруваат.
Цвеќе, парфеми, бонбониери… голем број мажи овие денови се размислуваат што да им купат на своите жени, мајки, ќерки и други припаднички на понежниот пол по повод 8-ми март.
Еве кои 7 работи не треба да ги ставите на листата на подароци, освен доколку таа личност не ви нагласила дека го сака токму тој подарок.
Домашно милениче
Доколку не сте целосно сигурни дека личноста сака домашен миленик и ќе може да се грижи за него, никогаш немојте да купувате животно како подарок.
Опрема за вежбање
Колку и да сака личноста да вежба, опремата за вежбање не е примерен подарок бидејќи таквиот подарок би можела да го сфати како знак дека треба да ослабне.
Вага
Подарокот кој веројатно никого не радува е – вага. Ако некој посакува да има вага во својот дом, веројатно сам ќе си ја купи. Подарувањето на вага едноставно не е пристојно.
Тенџере
Жените секојдневно поминуваат голем дел од денот во кујна така што овој подарок не би ја усреќил вашата поубава
половина.
Кактус
Кактусите и другите бодликави билки не се добри подароци, а избегнувајте и дарување на рози со трње бидејќи означуваат “пробушување” на односот.
Крема против брчки или целулит
Исто како и опремата за вежбање, кремите против брчки или целулит не треба да бидат на листата на подароци бидејќи кој сака да добие подарок кој му вели дека треба да се ослободи од целулитот и брчките? Ако сакате да ја развеселите личноста со некој козметички производи, одлучете се за миризлив лосион или купка.
Нож
Суеверијата велат дека подарувањето нож носи несреќа и кавга со личноста која ви го подарила ножот. Без оглед на тоа дали сте суеверни или не, одбегнувајте да подарувате ножеви бидејќи острите предмети не се соодветен подарок.