Зошто се потребни казни за непочитување на Законот за јазици

Со законот за јазици се обезбедува Албанците било кај да живеат во Македонија да имаат право од државните институции и органи да можат да добијат услуги на албански јазик. И тоа станува ѓраѓанско право за кое државата е должна да обезбеди услови за тоа да се почитува. Ако државен орган покрај обезбдените услови тоа не го почитува тој ги крши човековите права чие почитување мора да биде заштитено со санкции.
Арбен Џафери во една меѓународна дебата за правата на Албанците во Македонија пред 20 години на која учествуваме заедно рече:
“Проблемот со правата на Албанците во Македонија е во тоа што правата кои им се гарантирани со Уставот не се гарантирани со Законите. Ако има Закони не се донесени подзаконските акти. А ако се донесени подзаконските акти не ти ги дозволува човекот на шалтерот”.
И тоа се покажа дека е точно се до промената на Уставот и успешната имплементација на рамковниот договор.
Сега со овој Закон се прави обид да се отстрани и последната пречка во остварување на тие права од страна на човекот на шалтерот.
Повикот на ВМРО за непочитување на овие права од страна на служеници во државните органи со некакви гаранции дека ќе бидат заштитени од казна за непочитување на граѓански права заштитени со закон не оди во прилог на нивното тврдење дека тие се залагаат за почитување на човековите права и владеење на правото.
Во прилог на подобра атмосфера за почитување на законот секако не придонесува ниту триумфализмот кој со криво толкување на законот сака да наметне атмосфера дека со јазични табли на албански јазик и кај што е потребно и кај што не потребно ќе биде обележена целата територија на Македонија. И тоа не така ниту треба да се случува. Тоа само ја подгрева непотребната нервоза. За заедништо е потребно меѓусебно разбирање, почитување но и делување во насока за ослободување од нашите наследени стравови на едни од други.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e