Замисли иднина

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

-Дали сакаш еднаш засекогаш да го затвориш прашањето за сопственото постоење? – Да? Или можеби, не.

Европската унија ја започна кампањата за референдумот за името во Македонија со наслов „Можеш ли да замислиш иднина заедно?“. Кампањата е за нив. Оти тие се прашуваат дали можат да замислат иднина заедно со нас. Да беше кампањата правена за нас, прашањето требаше да биде: „Можеш ли да замислиш иднина?“. Попрецизно, можеш ли да замислиш иднина воопшто, со сите катастрофични сценарија кои ги негуваме и со нагонот за самоуништување што го јакнеме со векови?

Еј, Европска унија почна кампања да нѐ убедува дека ќе ни било поубаво во нивно друштво. Ќе ви дадеме уште 150 милиони евра за да ви го подобриме животот во местата во кои живеете. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ ќе одат од град до град и ќе ги учат градоначалниците како да ги потрошат парите од ЕУ за подобар живот на нивните сограѓани. Ќе им викаат, ви направивме локални патишта, канализации, ви исчистивме канали, ви реновиравме градинки, ви реставриравме цркви, џамии, ви дадовме болнички кревети, амбулантни и пожаникарски коли… И ѓубрето ви го чистиме оти сте прости и мрзливи. Зарем уште треба да ве убедуваме дека ќе ви биде пофино во нашето семејство?

И САД упорно ни повторуваат дека 25 години ни се пријатели. До толку пријатели, што и како Република Македонија нѐ признаа. И упорно нѐ убедуваат дека и натаму ќе ни бидат пријатели. И дека ќе продолжат да нѐ поддржуваат и во иднина, како Република Северна Македонија. И тие ќе продолжат да ни го чистат ѓубрето. Ќе ни го оправаат судството, ќе ни даваат стипендии за младите, ќе ни го модернизираат земјоделието, ќе ни реновираат болници, ќе ни купуваат опрема за војската и за полицијата, ќе ни ги заштитуваат археолошките локалитети.

Здосадија со упорното повторување дека со Договорот со Грција македонскиот идентитет е неспорен и дека македонскиот јазик е признат. И плус, дека со членството во НАТО досега непријателски расположените соседи Грција и Бугарија ќе ни станат сојузници. Кои ќе имаат обврска да го штитат и нашиот суверенитет и интегритет.

Ама – не. Ние не сакаме во ЕУ и НАТО. Зошто? Затоа што Македонската филхармонија ќе се вика Филхармонија на Северна Македонија.

2И кога веќе Европската унија нѐ прашува: „Можеш ли да замислиш иднина заедно?“, ајде и ние уште еднаш да си ги поставиме прашањата што ни прават дилеми пред да одговориме на прашањето „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?“.

Да почнеме со ред.

– Дали спорот за името со Грција беше глупав уште на самиот почеток? – Да.

– Дали пoради противењето на Грција одвај успеавме да станеме членка на Обединетите нации и тоа со привремено име Поранешна југословенска Република Македонија? – Да.

– Дали ни се допаѓа името ПЈРМакедонија?  – Не.

– Дали во 1995 година нашата држава прифати преговори со Грција под покровителство на ОН?  – Да.

– Дали преговорите сме ги прифатиле со ќеф? – Не.

– Дали преговорите биле за промена на името?  – Да.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e