Што ќе ѝ е „Ханиленд“ на Македонија?

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма: 

-Убаво е кога денот ќе почне со една убава вест, како оваа за триумфот на долгометражниот документарец „Ханиленд“ на филмскиот фестивал Санденс. Убаво е кога тоа ќе го препознаат и медиумите и по долго време ќе ја стават културата како топ-вест на своите информативни емисии и страници. Убаво е кога ова ќе го препознае и премиерот Зоран Заев и ќе им честита на авторите. Убаво е дури и кога владата ќе одговори на апелот на продуцентот на филмот, Атанас Георгиев, искажан од фестивалската сцена, „да се исчисти најзагадената земја на светот“…

Сето тоа е убаво. Додека не спласне еуфоријата. А потоа повторно ќе почне да нѐ фаќа позабица за она што се случува во опкружувањето, во Белград, Софија, Загреб… За тоа какви и колку филмови таму се снимаат, какви и кои книги се објавуваат, какви фестивали се организираат, какви изложби се прават… Всушност, пред имињата на споменатите градови во опкружувањето треба да се додаде она фамозното „дури и во…“, затоа што ниту еден од овие градови не важи за некаков светски културен центар, па ни за некаква европска културна метропола. Сите се тие, на овој или на оној начин, всушност длабока културна провинција.

Значи, за ден-два ќе спласне еуфоријата, културата ќе биде закопана во длабоката медиумска илегала, сѐ додека некој индивидуалец или некоја ентузијастичка иницијатива повторно не нѐ изненади и повторно не почнат да фрштат честитки од сите страни. Дотогаш, по обичај, ќе живееме во турбо-кич транзиционото време и ќе ги шириме мантрите за Македонија како лулка на цивилизациите и културите.

Успехот на „Ханиленд“, сепак, покажува дека не треба да се срамиме од овдешното промислување на културата. Напротив. Македонските културњаци креираат трендови, ги бележат глобалните новуми, или барем ги осовременуваат и структурираат во таа смисла сопствените умеења. Македонија има културњаци, кои со своето дејствување ја менуваат целокупната општествена средина, луѓе кои со години водат успешни пошироко забележени (не)зависни културни платформи, теоретичари, па и менаџерски практичари, чии промислувања се слушаат со големо уважување на поширокиот општествен спектар.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e