Сејдини на средба со Инфантино во седиштето на ФИФА

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих.

Претседателот на ФИФА, според соопштениетона Куќата на фудбалот, ја потврдил поддршката која нашата федерација ја добива од ФИФА, потенцирајќи дека Светската фудбалска асоцијација ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија.

Сејдини изјавил дека како федерација сме исклучително горди и среќни што во ФИФА имаме одличен партнер.

Тој изрази благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш се потврдува дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија.

„Разговаравме за македонскиот фудбал и проектите кои се насочени за негов развој. Ги потенциравме нашите заложби за подобрување на инфраструктурата, зголемување на фудбалската база и континуираното вложување во академиите и националните тимови. Кога ќе погледнеме наназад, гледаме и грешки – каде што се луѓето, секогаш ќе се случуваат и грешки, но најважно е да учиме од нив. Она што без двоумење можам да го кажам е тоа што секој чекор кој ФФМ го направи во изминатата година е воден со чесна намера и во правец на развој на фудбалот. И тоа во разговорот му го кажав на г. Инфантино. Се разбира, голема помош добиваме од ФИФА, посебно преку програмата FIFA Forward, преку која вложуваме во развој на фудбалот. Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа“, изјави Сејдини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e