Мо Фарах најави дека се враќа на патеката

Британскиот атлетичар Мо Фарах најави дека се враќа на патеката и дека сака да го освои златниот медал на 10.000 метри на Олимписките игри во Токио.

„Токио 2020. Се враќам на патеката. Многу сум возбуден што ќе се натпреварувам и тоа на 10.000 метри. Се надевам дека не сум ја загубил брзината. Ќе тренирам јако и ќе видам што можам да направам“, изјави Фарах.

Фарах по светското првенство во Лондон пред две години се префрли на маратон, но сега одлучи да се врати на она во што е најдобар.

Тој освои златни олимписки медали на 5.000 и 10.000 метри во Лондон 2012 и во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e