Клиперси му го нанесоа третиот пораз на Бостон сезонава во НБА

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс му го нанесоа третиот пораз на Бостон селтикс оваа сезона, откако утрово беа поуспешни со 107:104. Победникот во „Стејплс центар“ во ЛА беше решен по дополнителни пет минути, бидејќи основните 48 минути завршија со нерешен резултат 97:97.

Лук Вилијамс со 27 поени беше најефикасен во домашниот тим, кај гостите од Бостон се истакна Џејсон Татун со 30 поени.

По поразот на Бостон, Милвоки е нов лидер во Источната конференција со биланс 11-3, исто колку што имаат и селтикс.

На Запад, прв е ЛА лејкерс со 12-2, пред Денвер кој има 10-3 и Хјустон со ефект 11-4.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e