Фудбалерите на Рома синоќа беа поразени во Торино со 3-1 во меч од шестото коло на Серија А. Иако во Рим очекуваа „волчицата“ да ги освои трите бода, на крајот фудбалерите на Рома со наведнати глави го напуштија Торино. По натпреварот, играчите се вратиле на тренинг кампот во Тригори.
Половина час по заминувањето на фудбалерите од Торино до клубот стигнале страшни вести. Стефан Ел Шарави доживеал сообраќајна несреќа кога со својот автомобил Ауди А3 удрил во Фиат Панда која ја возел 40-годишен маж.
Брзата помош брзо стигнаа на местото на несреќата и двајцата возачи биле префрлени во болница каде, за среќа, било востановено дека тие минале без посериозни повреди и пуштени се на домашно лекување. Од автомобилите не останало речиси ништо.
За поврзани вести продолжете надолу