ЕХФ недела во Ескишехир: По триумфот над Турција, реми со Италија

Со реми против Италија (26:26), македонските ракометари го завршија настапот на ЕХФ неделата во Турција и се враќаат дома каде до крајот на неделата ќе одиграат два натпревара и со селекцијата на Грузија на 25 и 26 октомври во СЦ „Борис Трајковски“ (влез слободен).

Македонија и Италија одиграа израмнет натпревар попладнево во Ескишехир. Така беше и на полувреме (12:12), а резултатски ништо не се промени и на крајот. Италијанците имаа водство со гол разлика во последната минута, но Мартин Поповски го реализира последниот напад за реми.

Токму тој беше и најефикасен македонски ракометар на средбата со осум гола, двојно повеќе од Танкоски и Пешевски.

Вчерашниот меч со Турција, денешниот со Италија и претстојните два со Грузија се замислени како подготвителни за настапот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка во јануари во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e