„Дејвис купот“ во рацете на Надал и Шпанија

„Дејвис Купот“ е во сопственост на Шпанија. Ова се случи по победата на лидерот на АТП, Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (7) против Денис Шаповалов во вториот натпревар од финалето на своевидното светско тимско тениско првенство кај мажите. Шпанија ја совлада Канада во финалето во Мадрид со победа од 2:0, откако порано денеска Роберто Баутиста Агут го совлада Феликс Оже-Алјасим во два сета.

Шпанија по шести пат го освои престижниот турнир, рангирајќи се на шестото место по најмногу освоени трофеи. Лидер е американскиот тим со 32, пред Австралија со 28, Франција и Велика Британија со по 10 и Шведска со 7. За Надал, ова е петти трофеј во „Дејвис Купот“. Иберијците се, исто така, првиот тим што го освоил трофејот по промената на форматот на натпреварувањето, иницирано од фудбалерот на Барселона – Жерард Пике.

За Шпанија, ова е прва победа на турнирот од 2011 година, а успехот е секако посебен за Роберто Баутиста Агут, кој го загуби својот татко за време на турнирот и кратко се раздели од шпанскиот тим, но се врати и придонесе за триумфот. Капетанот Серхи Бругера, од друга страна, имаше луксуз да се потпира на искусните борци Фелисијано Лопез и Марсел Грананољерс, како и на Пабло Карењо Буста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e