Белгиската параолимпијка, Марикe Верворт, го активира барањето за еутаназија за ставање крај на нејзините маки. Верворт, која имаше 40 години, на Параолимписките игри во Лондон 2012 година освои златен медал во трката со инвалидски колички на 100 метри и сребро на 200 метри и се закити со бронза на 400 метри во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Страдаше од болест на мускулите што и причинуваше неиздржливи болки, постојани напади и несоница. Таа уште во 2008 година поднесе барање за еутаназија, која е легализирана во нејзината родна Белгија. Во службената белешка пред да биде извршена еутаназијата, се наведува дека Вервост ја исполнила својата последна желба.