На сите што дивееја во Собранието им се закануваат казни затвор до 5 а на водачите 10 години затвор

Кривичниот законик предвидува казни затвор до 5 и до 10 години затвор за насилства какви што беа регистрирани вчера во Собранието, каде што, толпата која упадна повреди повеќе пратеници, новинари, полицајци, пишува порталот Сведок.

За учество во толпа, според законот се одговара во секој случај, независно од дејствијата што ги презел учесникот поединечно.

По закон, бидејќи постојат десетици фотографии и видео снимки од синоќешното „тепање во живо“, полицијата и јавниот обвинител треба да ги идентификуваат и да покренат постапки, вклучувајќи ги и мерките за обезбедување.

Скопското јавно обвинителство кое е месно надлежно да постапува за случајот засега не се изјаснило што презело и какви наредби има доставено до МВР за обезбедување на докази од лице место, идентификување на лица, па и полицајци кои видливо од снимките им помагаа на насилниците во намерата, да бидат идентификувани, повикани на разговор.

Во вчерашните насилства повредени се над 100 луѓе, од кои најголем број се пратеници, полицајци и новинари. Дел од повредените се здобиле со повреди во толпата.

МВР соопшти само дека извршила обикола на сите болници за да ги евидентира повредените.

Еве што предвидува казнениот законик:

Член 384
(1) Тој што учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе спречи или ќе се обиде да спречи службено лице во вршење на службено дејствие или на ист начин ќе го присили да изврши службено дејствие, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до пет години.
Учество во толпа што ќе изврши кривично дело

Член 385
(1) Тој што ќе учествува во толпа што со заедничко дејствување ќе стори насилства спрема луѓе или ќе оштети или ќе уништи имот од поголема вредност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако при дејствувањето на толпата некое лице е лишено од живот или тешко телесно повредено или настапила штета од големи размери, учесникот во толпата за самото учество, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
(3) Водачот на толпата, ќе се казни со затвор од една до десет години.

На интернет веќе кружат фотографии од напаѓачите во Собранието, а за тие кои беа со маски на главите се тврди дека се припадници на полицијата. Сепак, од видео снимките на камерите пред Собранието и низ скопските улици, од Владата до Собранието можат да се идентификуваат и тие, кои не шетаале со фантомките на глава низ цел град за да дојдат до Собранието и да упаднат внатре.

Фото: Фокус

Новинарите ивестувачи сведочат дека токму лицата со капите на глава, точно знаеле што и каде се наоѓа во Собранието и каде треба да се движат, по што почнале да напаѓаат.

Фото: Т.Георгиев Фокус

Министерот за внатрешн и работи синоќа призна дека полицијата потфрлила во својата работа и најави дека денеска ќе бара одговорност од кризниот штаб зошто толку долго чекал за да даде наредба за интервенција на специјалните сили, кои се активирани речи час и 15 минути откако толпата влезе во парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e