Заев на Фејсбук: Пациентите ќе имаат достапни лекови во текот на целиот месец

Од утре лекови во аптеките само со лична карта. Со стартот на новиот месец почнуваат да важат неограничени квоти во аптеките и лекови на рецепт што се на товар на Фондот ќе може да се земат секој ден во месецот, не само до 5.ти или до 15. во месецот. Граѓаните ќе треба да приложат лична карта или пасош, а на истиот начин ќе може да земат лек и за други лица, постари граѓани, деца или за лица со посебни потреби.

По тој повод премиерот Зоран Заев се огласи на фејсбук и напиша:

„Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт во аптеките, од утре, 1 октомври, граѓаните од целата држава ќе имаат достапни лекови во било кој период од месецот. Ова е една од мерките за унапредување на здравствениот систем, бидејќи секогаш на прво место се интересите на граѓаните“ стои во објавата на фејсбук профилот на Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e