Заев: Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи, туку да им служат на граѓаните достоинствено

Градоначалниците да не ми изиграваат локални шерифи и да им служат на граѓаните достоинствено, порача премиерот Зоран Заев откако беше запрашан од новинарите како ќе реагира на обвинувањата на вработени во општина Лозово кои се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

-Првиот пат коа беа реакциите лично разговарав со градоначалникот и тој ми даде соодветно објаснување и корекции за одредени работи, со новите настани не сум запознаен, оваа недела сигурно дека ќе реагирам затоа што јас сум служител на нашите граѓани и сакам да бидат секогаш во нивна заштита. Граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна одговорна функција како градоначалник на општина Лозово, не знам детали, не можат да инсинуирам што било, но дефинитивно ќе се заинтересирам за случајот и прва прилика ќе дадам коментар, рече Заев.

Ова го изјави премиерот по завршување на судското рочиште, во кое Заев го тужи новинарот Зоран Божиновски за клевета .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e