-Ги победивме омразата, конфликтите, поделбите и неправдата , Европа аплаудира, Вам ви аплаудира, на сите граѓани на нашата земја. Оваа Ваша присутност потврдува деа следат уште помасовни позитивни промени. Граѓаните имаа потреба од претседател на својата држава и конечно по 10 години ќе добиеме претседател на државата.
Вака претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, пред да го направи своето селфи, го започна својот говор на централниот митинг. Заев порача дека новиот претседател, Стево Пендаровски, сака, може и мора да влече напред.