Заев денеска во Охрид, Мицкоски во Струга, Вевчани и Ресен

На вториот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори, партиите и коалициите ќе ја претстават својата политичка понуда на средби со граѓани, почитувајќи ги притоа мерките за заштита од Ковид-19. Нема да изостане кампањата и на социјалните мрежи, како и на традиционалните медиуми.

На вториот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Охрид и Бутел, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓани во Вевчани, Струга, Ресен, Куманово, Скопје, Гевгелија, Охрид и Гостивар.

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе одржат промотивната конвенција за кандидати за пратеници во Тетово.
Партиите и коалициите кои ќе учествуваат на изборите, своите програми ќе можат да ги преставуваат до 12 јули во 24 часот кога завршува изборната кампања.

На предвремените парламентарни избори, според поднесените листи до ДИК, ќе учествуваат 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати.

Предизборната кампања ќе трае до 12 јули на полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e