Времето денеска облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќебиде претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.

В недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25 литри на квадратен метар). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. Ќе има умерен до засилен јужен ветер, а во понеделник западен ветер.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e