Во село Матејче започна изградбата на Домот на културата

Во село Матејче, Општина Липково, почна изградбата на Домот на култура, за што Министерството за култура издвои 25.000.000,00 денари.

Објектот е финансиран согласно Програмата на Владата за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година.

– Со изградбата на овој објект, Владата во пракса реализира еден од најважните приоритети на своите политики во културата, а тоа е децентрализација и деметрополизација. Ние, како креатори на културните политики посветено работиме на остварување на заложбите да ја доближиме културата до сите жители на земјата, изјави министерот за култура Хусни Исмаили, кој присуствуваше на започнувањето на градбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e