ВМРО-ДПМНЕ ја напушти Комисијата за европски прашања

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата за европски прашања на која се дискутира што по недобивањето на датум за преговори со Европската Унија.

По говорот на пратеникот Антонио Милошоски, кој ја покажа фотографијата од вицепремиерот Бујар Османи и министерот Никола Димитров кои лани кажаа дека земјава добила датум за почеток на преговори, тие излегоа од салата.

Тој рече дека местото за дискусија за неуспехот на владата за евроинтеграциите е Комисијата за надворешни работи, а ова што се случува денеска го нарече владина забава.

Фото: Стандард

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e