Лидерот на ДПА, Мендух Тачи по лидерската средба изјави дека за првиот дел од разговорите, на кои зборувале за евроатланскиот пат, имале консензус дека мора да се продолжи по тој пат.
„Договоривме на 12 април да имаме предвремени избори, иако првичниот предлог беше декември и заедно се договоривме за 12 април да имаме избори. Мислам дека за жал се совпаѓаат датумите на изборите и пописот, и не може во исто време да имаме и попис и избори”, рече Тачи.